1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ги отвора интерните граници

БГ /РТР
13 мај 2020

Европската унија направи чекор кон отворање на внатрешните граници и дозволување на патување, но шансите за заживување на туризмот во летната сезона се неизвесни.

https://p.dw.com/p/3cBF9
Australien | Coronakrise | Geparkte Flugzeuge | Alice Springs
Фотографија: Steve Strike

Туристичкиот сектор учествува со една десетина во економијата на ЕУ, но пандемијата на коронавирусот го колабираше, па Европската комисија сега повикува на неограничено слободно движење со неопходната заштита.
„Нашите мисли сега се насочени кон летото и кон местата во кои сакаме да патуваме“, изјави потпретседателката на Комисијата Маргрет Вестагер. „Тоа значи преземање постепени, внимателни чекори за повторно патување на линија со она што ни го кажува науката“.
Туристичката индустрија ги поздрави препораките на ЕУ како прв чекор за спасување на нивниот бизнис, иако тие не се обврзувачки за сите 27 земји-членки. Притоа, се препорачува надворешните граници на ЕУ да останат затворени најмалку до средината на јуни.

На некои држави кои беа силно погодени од пандемијата не им се брза да ги отворат границите. Извори во шпанското МНР велат дека Шпанија нема намера да ги отвори границите за патници до јули.

Според предлогот на Комисијата, авиокомпаниите и аеродромите ќе инсистираат патниците да носат маски, ќе ги реорганизираат чек-инот, оставањето и земањето на багажот. Нема да се бара средните редови во авионите да бидат слободни. Комисијата бара ваучерите за откажаните патувања да бидат валидни најмалку една година, со заштита од банкрот, за луѓето да ги прифаќаат нив наместо да бараат рефундирање.

Некои европски држави веќе спроведуваат сопствени планови за олеснување на патувањето. Трите балтички држави, Литванија, Летонија и Естонија се договорија да ги отворат меѓусебните граници од 15 мај. Австрија и Германија ќе го сторат истото на 15 јуни. Швајцарија планира целосно отворање на границите за сите соседи, освен за Италија, од 15 јуни.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема