1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го сака Балкан, токму сега!

Фолкер Вагенер
6 февруари 2018

Зборот е збор. Веќе 15 години на земјите од Западен Балкан им се ветува прием во семејството на ЕУ. Своевремено тоа беше прилично амбициозно, а сега е речиси лудо храбро, смета Фолкер Вагенер.

https://p.dw.com/p/2sCTV
Europaflaggen vor dem Hauptquartier der Europäischen Kommission in Brüssel
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Тоа се нарекува вистинска дилема. Објективно,  шесте ЕУ-кандидати во чекалницата на Брисел  се оддалечени од толку фалените стандарди исто толку колку и германски дизел-мотор од граничните вредности за емисија на штетни гасови. Но, чекањето додека неколкуте мали држави да ги достигнат ЕУ-нормите би значело давање подарок на Кинезите. Кинезите не прашуваат и не ги интересира правна држава, не им пречи корупцијата, туку со полни раце инвестираат и го кредитираат Балкан, кој само и според името, за Европа важи за контаминиран. Но, за тоа подоцна.

Целиот регион како буре барут

Самиот факт што „Кинезот“ веќе е стигнат на Балкан, објаснува зошто ЕУ едноставно го отфрли својот првобитен план. И тоа без оглед што по (пре)брзиот прием на Бугарија и Романија во 2007. година, се заколна дека во процесот на проширување нема да оди во широчина, туку во длабочина. Дека прво треба да се изградат и продлабочат односите со новите источни членки. Овој тенор во меѓувреме се заборава. „Со силна политичка желба и реализирање на реформите“, пишува денеска Европската комисија, Србија и Црна Гора до 2025. година ќе бидат компатибилни со ЕУ. Чиста желба, ако не и наивна.

Фактите се следните: објективно гледано, Западен Балкан во секој поглед е речиси една лудница, барем од бриселска перспектива. Српскиот однос кон Косово е рамен на Студена војна, Белград вредно и речиси неприкриено се меша во Република Српска и на тој начин ја дестабилизира без дилеми најфрагилната држава во регионот, Босна и Херцеговина.  Македонија е во кавга со Грција поради правото да го носи тоа име, а во речиси сите балкански држави повторно воскреснува национализмот и корупцијата. А токму тука ЕУ планира само по неколку години да го закачи сино-жолтото европско знаме. Вистинска луда храброст.

Wagener Volker Kommentarbild App
Фолкер Вагенер

Кина кредитира и гради, ЕУ поставува услови

Но, Европа е приморана на тоа, зашто ако „непослушните“ деца од периферијата на Европа не станат членки на бриселската фирма, ќе забегаат во друга насока. Имено, кон Исток. Дури и кон Далечниот Исток.

Кина не поставува никакви предуслови во форма на владеење на правна држава, се смешка над демократските дефицити, за кои ЕУ-бирократите вредно водат тефтери и ритуално изрекуваат прекори. Кина создава факти. Гради мостови и челичарници во Србија, аеродром во Албанија, автомобилски фабрики во Унгарија и пристаниште во Грција. Како награда за ваквото со огромна брзина реализирано инвестирање, Пекинг не сака само изрази на благодарност, туку очекува политичка благодарност. Кратко: со кредитите и градежните проекти во источното крило на ЕУ, во иднина и една проширена ЕУ, Пекинг уште отсега си обезбедува влијание во Унијата.

Политичкото влијание веќе сега е воочливо. Во Вишеградските држави авторитарниот стил на Пекинг наидува на пофалби. Пекинг ги поштедува своите „мали партнери“ од бриселското делење лекции на адреса на Прага или Будимпешта. Од аспект на примателите, сметката е многу едноставна: Кина испорачува брзо и без демократски предуслови, таа создава факти. Брисел, напротив, е премногу бавен и надмен.

Повеќе на темата: 

Јункер: членство во ЕУ само со решени гранични спорови

Стратегијата на ЕК - патоказ за Македонија и за балканската шесторка

Ги сака ли ЕУ подеднакво сите на Балканот?

ЕУ во потрага по перспективи среде криза

Оттаму, Европската комисија има добри причини за загриженост поради ангажманот на Кина во предворјето на ЕУ. Кина во Источна и Југоисточна Европа гледа сообраќаен јазол на трасата на својата нова Патека на свилата. Тоа не може да биде во интерес на Европејците. Но, интегративните напори на ЕУ околу нејзините непослушковци од Југоистокот доаѓаат во време на криза. Полска, Унгарија, Чешка и Словачка одамна се здружени во контра-бриселска фракција во самата ЕУ. Освен тоа, тие бележат силен економски развој, што за разлика не може да се каже за новите на Југот. Интеграцијата, меѓутоа, е поврзана со економското порамнување. Затоа, „Проектот шест нови ЕУ-членки“ останува илузија - засега.

Во тоа ништо нема да променат ни редовните и континуирани предупредувања за зачувување на демократијата и правната држава. На Запад секогаш одново се заборава дека во споменатите земји кормилото сѐ уште го држат генерациите израснати во ерата на комунизмот. Познато е, таа беше заменета со ера на национализам, која сѐ уште е доминантна во широки делови. Старата ЕУ и Новата ЕУ сигурно се едно, но тие уште не можат заедно.