1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ и бегалците- целта повторно промашена

Барбара Везел/сн21 јули 2015

40 илјади бегалци од Грција и Италија како и натамошни 20 илјади од бегалските кампови во Северна Африка треба да бидат распоредени во ЕУ. Но повторно министрите за внатрешни работи од Унијата не ја постигнаа оваа цел.

https://p.dw.com/p/1G1wU
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Hache

Оваа втора преговарачка рунда на министрите за внатрешни работи на ЕУ додуша донесе ветувања за прифаќање на 22504 бегалци од логорите на сириската граница, што се должеше пред сѐ на вклучувањето во програмата на земјите кои не се членки на Унијата,Норвешка и Швајцарија, но за преселувањето од Италија и Грција, каде пристигнува половина од сите бегалци, кои се на пат кон Европа, беа дадени ветувања за преземање на 32.256 мигранти , и натаму значително помалку од потребното. Притоа шефовите на држави или на влади на ЕУ самите во јуни си ја поставија целта од 40000 и 20000. Но кога станува конкретно во бегалската политика завршува солидарноста.

Flüchtlinge in Calais
Фотографија: DW/H. Tiruneh

Некои земји и натаму се држат настрана

„Не беше едноставно, разговорите беа тешки“, изјави еврокомесарот за бегалци Димитрис Аврамопулос и му одаде комплименти на актуелниот претседавач со министерскиот совет за доброто водење на преговорите. Но и искусниот луксембуршки министер Жан Аселборн не успеа , да ги убеди своите колеги да дадат поголеми ветувања: „Некои бројки беа разочарувачки, некои срамотни“, изјави Аселборн мислејќи притоа на земјите- блокирачи.

Во нив се вбројуваат не само Велика Британија и Данска кои полагаат на правото на исклучок туку и Австрија и Унгарија кои сметаат дека се доволно оптоварени и воопшто не сакаат да се вклучат во оваа програма за прераспределба на бегалците. Покрај тоа Бугарија, Шпанија и Португалија останаа далеку под предвидените бројки за прифаќање на бегалците. Како мала светла точка Асделборн ја посочи Ирска , која доброволно прифаќа бегалци, иако не е обврзана да го стори тоа.

Германија учествува со вкупна бројка од 12.100 места. „Некои тешки породувања некогаш траат подолго“, по средбата забележа германскиот државен секретар Емили Хабер,додавајжи дека сепак се останува на претходно договорената цел. на крајот од говдинава министерскиот совет треба да направи уште еден обид за да ги обезбеди и оние речиси 8000 места за преселба на бегалци од јужна Европа , кои недостастуваат.

Критика за исходот

„Навистина е бламажа, да не се успее да се прераспредели една таков мал број. Ќе беше еден мал гест на солидарност барем овие малку бегалци фер да се распределат “, коментираше Ска Келер европратеник од редовите на Зелените.

И Гаури ван Гулик од Амнести интернешенел ги критикуваше министрите за внатрешни работи на ЕУ: „ Дури и конечно да го постигнеа повисокиот број - тоа е беден резултат. Ова е голем проблем и потребно ние големо решение“, вели таа, истакнувајжи дека поддршката за Грција и за Италија мора сериозно да се зголеми . На ЕУ, според неа во овој случај едноставно ѝ недостасува внатрешна солидарност меѓу земјите-членки.

Deutschland Bayern Flüchtlingspolitik
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Weigel

Особено остро Амнести притоа ја критикува Унгарија, која има намера да ги обгради границите за да пушта во земјата што е можно помалку бегалци. Што се однесува до прифаќањето на бегалците од логорите во Северна Африка, Гаури ван Гулик како неопходна цел за ЕУ ја наведува 100 илјади. Од тоа меѓутоа Унијата во моментов е одалечена светлосни години.