1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ планира 9 милијарди евра инвестиции на Западниот Балкан

БГ /АП
6 октомври 2020

Европската Унија денеска најави инвестиции од најмалку 9 милијарди евра во земјите од Западниот Балкан како помош за развој на транспортната и енергетската инфраструктура и забрзување на економскиот развој.

https://p.dw.com/p/3jWqW
Oliver Varhelyi
Фотографија: EU/Gent Shkullaku

Европската Комисија соопшти дека средствата ќе бидат инвестирани во Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во периодот од 2021 до 2027 година. Сите земји од регионот имаат амбиција да станат членки на ЕУ и новите фондови треба да им помогнат да ги приближат своите економии до стандардите на ЕУ.

Средствата ќе бидат распоредени во 10 главни сектори меѓу кои во: патишта и железници, обновлива енергија, намалување на аерозагадувањето, подобрување на менаџирањето со отпад и вода, реновирање на јавни објекти и широкопојасен интернет.

Брисел очекува од државите засилено да продолжат со политички и економски реформи кои ќе ги приближат до стандардите на ЕУ за да ги добијат средствата.

„Овој план оди рака под рака со имплементацијата на реформите затоа што без реформи не е можно да се креира вистинско бизнис опкружување за инвеститорите“, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
„Тоа значи дека на земјите ќе им биде потребен функционален систем на владеење на правото, независно судство и ефикасен даночен систем што ќе ги убеди компаниите да инвестираат во регионот“, рече Вархеји.

Дополнително, земјите од регионот можат да се надеват и на уште 20 милијарди евра инвестиции кои ќе се генерираат преку фондови на ЕУ и приватни инвеститори. Сето тоа, според Вархеји, треба да донесе раст на регионалниот БДП за 3,5 проценти.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема