1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жените од Дрезден ќе облечат руски тенк во џемпер

Тобиас Вилке / Александар Методијев31 декември 2012

Со волна и игли за плетење за светскиот мир – група жени од Дрезден плетат прекривка за советскиот тенк Т-34. „Пуловерот“ ќе се намести на 13-ти февруари – годишнината од уништувањето на Дрезден во Втората светска војна.

https://p.dw.com/p/16fSj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Не се плете џемпер за партнерот, ниту чорапи за синот, ниту, пак, шал за свекорот. Овие жени од Дрезден плетат за слободата. Меката волнена порака ќе ја носи советскиот тенк од типот Т-34. Тенкот е реликт од Втората светска војна и стои во Воениот историски музеј во Дрезден.

„За овој проект ние го носиме ’хардверот’, односно испорачуваме еден Т-34, а дамите волната, односно пуловерот“, објаснува Александер Георги од Воениот историски музеј во Дрезден.

Russian T-34-Tank
Пуловерот се плете за рускиот тенк Т-34Фотографија: Imperial War Museum / Ken Follon

Во здружението за плетење дамите од 8 до 80 години одат поради хоби и притоа не зборуваат само за рачната изработка, туку и за војната.

„Беше убаво, но и важно дека овој тенк ќе биде буквално замотан и точно сплетен. Но, најважно за нас е дека сите овие искуства, кои ги имаат постарите, ќе бидат пренесени. Исто така е важно со тоа да не се заборави историјата“, вели Кристина Крамер од здружението „Луис комбајнд нат“.

Постарите го доживеале уништувањето на Дрезден од сојузничките бомбардери во 1945-та година. Покривањето на тенкот на 13-ти февруари за нив е достојно сеќавање на жртвите од Втората светска војна.

„Мора поинаков знак да се даде, не секогаш да се покажува дека демонстрираме за тоа или против тие, ме разбирате. Ова е токму тоа – дека ние постарите сакаме поголема свест за овој ден“, објаснува Гертруд Кастен, преживеана од Втората светска војна.

Internet-Portal myoma.de Oma Siggi
Жените неколку пати ќе пробаат дали сплетеното одговара на димензиите на тенкотФотографија: myoma.de

Околу 39 квадратни метри од површината на тенкот мораат до тогаш да бидат исплетени. Т-34 дамите самите го измерија. Во меѓувреме има две проби.

„Тоа значи дека ние со деловите, кои до тогаш ќе ги исплетеме, ќе одиме во Воениот историски музеј во депото со тенкови и ќе ги навлечеме за да видиме дали тие одговараат. Не сакаме во февруари да застанеме таму и сплетеното да не одговара на формата на тенкот. Или, што ќе правиме ако тенкот се здебелил?“, прашува низ смеа Барбара Никлас, раководителка на проектот.

Секое попладне во вторник и среда до тогаш ќе се плете. За тенкот тоа значи дека повторно ќе биде во сплетена мрежа.