Регионален воз полн со патници, кој се движел од Кремона кон Милано, излетал од шините. Загинале најмалку три лица, додека преку сто претрпеле повреди. Бројни патници се заглавени во згмечените вагони. Засега не се знаат причините кои довеле до несреќата.