1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За Турција работата решена одамна, дали по Хрватска ЕУ ќе престане со прием на натамошни земји?

1 октомври 2004

Комисијата на ЕУ на 6-ти октомври ќе ја искаже својата препорака во врска со евентуалниот почеток на преговори со Турција за пристапување кон ЕУ. Иако од изјавите на еврокомесарот за проширување на Унијата Гинтер Ферхојген по последната посета на премиерот Рецџеп Таип Ердоан може да се заклучи дека препораката ќе биде позитивна, продолжува интерната дебата во Унијата за и против полноправно членство на Т

https://p.dw.com/p/Ad3z
Последните разговори Ердоан - Ферхојген во Брисел клучни за позитивна препорака на ЕУ за преговори со Турција
Последните разговори Ердоан - Ферхојген во Брисел клучни за позитивна препорака на ЕУ за преговори со ТурцијаФотографија: AP

�рција. Нема ли сето тоа да донесе негативни последици за желбите и на други земји да пристапат кон ЕУ?

Дебата за Турција доаѓа предоцна, смета координаторот на Пактот за стабилност на ЈИЕ Ерхард Бусек. Свртниците за преговори се поставени одамна, уште од решението на самитот на ЕУ на крајот од 2002-ра година е јасно и дека станува збор за полноправно членство на Турција, а не само за некоја алтернативна форма на соработка, како што предлагаат противниците на приемот на таа земја. “Може да се дебатира за Турција, но во реалноста работата е решена. Единствениот проблем е што шефовите на држави или на влади од Унијата во своите земји не го објаснија тоа, што пак може да предизвика многу потешкотии” – вели Бусек.

Европарламентарецот Елмар Брок од конзервативната фракција потешкотии гледа на друга страна: Унијата е на крајот од силите по големото проширување и жилавата дебата околу уставот. Сега и‘ е потребно консолидирање и внатрешна стабилизација. “Не би сакал сегашната 25-члена Унија повторно да се распадне во земји од различна категорија. Таа може да опстои само ако биде внатрешно способна да дејствува. Нема никава полза ЕУ се‘ повеќе да расте и со тоа да биде внатрешно се‘ послаба” – смета Елмар Брок.

Но, Бугарија и Романија имаат ветување во 2007-ма година да станат членки на ЕУ. Дали ваквите аргументи се насочени и против нив? “Тоа не може да важи за Бугарија и Романија, зашто преговорите со нив се речиси завршени. Ако тие до 2007-ма ги исполнат условите, тогаш мора да биде исполнето и ветувањето за прием. Но, тука ќе мораме да повлечеме кочница” - вели Брок.

Најдоцна по Хрватска, според него, Унијата мора да си го постави прашањето дали воопшто сака натамошно да се шири. Не смее сега со Турција избрзано да се направи грешка, туку треба да се сочека две-три години за да се види до каде стигнаа обете страни во извршувањето на домашните задачи.

Мариа Лигор од романското министерство за надворешни работи, пак, вели дека кога нејзината земја ќе стане член на ЕУ, ќе се залага за прием и на другите земји од југоисточна Европа. Во однос на Турција таа вели дека нема негативни емоции од спомените на Османлиското царство и ја истакнува важноста на сегашната соработка: “Односот спрема Турција многу се промени. Ние многу соработуваме со неа токму во регионот на ЈИЕ и на Црното море. Важно е да се унапредува процесот на демократизација се‘ до Кавказот. Новиот однос го турна минатото во сенка” – оценува Мариа Лигор.