1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загинати и повредени во торнадо во Италија

СН /дпа,афп,ртр
7 ноември 2016

Во торнадото кое го погоди регионот северно од Рим загинаа две лица а неколку други се повредени. Силно невреме во моментов беснее во централниот дел на Италија а во Рим е прогласена 24-часовна вонредна состојба.

https://p.dw.com/p/2SGHi
Штети од торнадото во ЛадисполиФотографија: picture-alliance/dpa/A. Campana

Италијанската агенција за цивилна заштита соопшти дека едно лице загинало во местото Ладисполи, крајбрежно место на околу 50 километри северозападно од Рим при налетот на торнадото во регионот. Уште едно лице загинало во местото Чезано ди Рома, оддалечено 30 километри од италијанската престолнина. Неколку луѓе биле повредени,  на повеќе згради торнадото им ги откорнало покривите а биле оштетени и бројни автомобили, јави италијанската новинска агенција Анса. 

Истотака поради торнадото привремено бил прекинат и железничкиот сообраќај во Ладисполи. Силното невреме кое во моментов беснее во централниот дел на Италија, покрај Рим, каде што е прогласена 24- часовна вонредна состојба, ја зафати и Фиренца, каде се стравува од излевање од коритото на реката Арно, и тоа само два дена откако градот ја одбележа 50-годишнината од катастрофалната поплава. Мостовите во градот се затворени , но сепак последните информации велат дека водостојот на Арно полека се намалува. 

Торнадо беснееше северно од Рим

Во соопштение Агенцијата за цивилна заштита истакна дека очекува невремето проследено со поројни дождови, грмотевици и силен ветер да продолжи и во текот на денешниот ден. Агенцијата објави предупредувања за регионите Емилија Ромања, Тоскана, Абруцо, Молисе и Кампаниа.