Загрозени и заштитени- Светското културно наследство
Историскиот центар на Виена би можел годинава да биде додаден на листата на ОН на загрозено наследство, како и долината на Катманду. Редица други атракции се кандидати на УНЕСКО
Градежна контроверза
Центарот на Виена би можел да се најде на листата на УНЕСКО поради загриженоста од околните високи згради. Се најавува изградба на висока кула на периферијата на реонот кој ја вклучува и катедралата Св. Стефан, раскошната градска куќа на Виена, како и Империјалната палата (на фотографијата).
Уништување, па обнова
Долината на Катманду најверојатно ќе влезе на листата на загрозени објекти на УНЕСКО. Долината вклучува седум монументални зони, од кои три беа тешко оштетени во земјотресот од 2015 година кога загинаа 7,000 луѓе. Будизмот и Хиндуизмот се преплетувале во долината со векови и создале моќна уметничка фузија. Вклучувањето на листата би донело повеќе средства за обнова.
Страв од политизација
Израел протестираше против вклучувањето на Стариот град во Хеброн како кандидат, оценувајќи дека тоа е нечувствително кон израелската култура. За Гробот на патријарсите се смета дека е последно почивалиште на библиски личности како Јаков, Исак и Аврам- што го прави значаен за христијанството, еврејството и исламот.
Делче од Италија во Африка
Од 1890 до 1941, Еритреја беше италијанска колонија. Режимот на Мусолини инсистираше да му даде италијански печат на Асмара, главниот град на Еритреја. Цела низа модернистички згради се вклучени на листата на УНЕСКО, меѓу нив кина, банки, бензински станици, како и овој шопинг центар и апартмански комплекс.
Гробот на Тудоните
Талајотската култура постоела за време на Железното доба на шпанскиот остров Менорка. Името произлегува од талајотите, големи и мистични структури кои можат да се видат на островот. Се верува дека Талајотите имале потекло од Сардинија. Најпозната структура е Naveta d'Es Tudons, гробница која е една од најголемите туристички атракции на островот.
Оаза на Зороастроанизмот
Јазд е главен град на иранската провинција Јазд и содржи уникатна форма на персиската архитектура. Се верува дека е најстариот град од керпич во светот и ќе биде првиот населен град во Иран кој добива заштитен статус од УНЕСКО. Градот бил важен центар на Зороастроанизмот, а многумина се уште и припаѓаат на оваа вера.