1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Нема да дозволам педер да ја урне владата

14 август 2019

Изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ предизвика бурни реакции во С. Македонија

https://p.dw.com/p/3NrbA
NATO Gipfel in Brüssel Zoran Zaev Premierminister Mazedoniens
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Zenkovich

Наместо фотографија на денот, денеска - изјава на денот: македонскиот премиер Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот кој го правел  Бојан Јовановски, познат како Боки 13, изјави: „Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа. Верувам во транспарентни, прецизни и брзи истраги и уште еднаш напоменувам дека јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде тоа заборавено. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа влада од власт. Ќе се бориме до крај, секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност“.