1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Западот неосновано ја казнува Русија“

Миодраг Шориќ
27 март 2018

Русија се чувствува неправедно третирана поради протерувањето на нејзините дипломати од над 20 земји во светот и планира контрамерки.

https://p.dw.com/p/2v4PX
Russland Sergej Lawrow in Moskau
Фотографија: Reuters/A. Zemlianichenko

„Западот неосновано ја казнува Русија“. Така отприлика гласи збирно реакцијата на руските претставници по протерувањето руски дипломати од многу западни земји. Министерството за надворешни работи на Русија повторува дека земјата нема ништо со атентатот во Солсбери. Министерот Сергеј Лавров изјави дека протерувањето на дипломатите е резултат на „колосално уценување“ од страна на САД и најави: „Ќе одговориме. Таква подлост не може никој да прифати само така, па ни ние.“

Во соопштение на русокото МНР се вели дека протерувањето не помага за пронаоѓање на оние кои се виновни. Меѓутоа, се додава и дека Москва е отворена за разговори. Сенаторот Константин Козачов, шеф на Комисијата за надворешна политика на Советот на Федерацијата, изјави дека Вашингтон одлучил „да протера 60 руски дипломати од САД и 60 американски дипломати од Русија“, алудирајќи на реакцијата од Русија која се очекува. Откако Вашингтон го затвори рускиот конзулат во Сиетл, во московскиот печат се дискутира околу тоа кој американски конзулат во Русија сега треба да биде затворен - во Владивосток, Екатеринбург или Санкт Петербург.

Повеќе:

Москва отворена за стратешки разговори со Вашингтон и покрај протерувањето на дипломатите

Москва остро реагира на протерувањето руски дипломат од Македонија

Про и контра исфрлањето на руски дипломат од Македонија

Јури Швиткин, заменик претседател на Комисијата за одбрана во Думата, смета дека конфронтацијата е закана за „глобалната стабилност“. Конфронтацијата, според него, е „унилатерална“ и доаѓа од САД и Велика Британија. Комунистичкиот пратеник во Думата, Леонид Калашников, за најновата ескалација на дипломатско ниво рече дека такво нешто се случува почесто пред почеток на војна. Европејците, нагласи Калашников, „не можат да го надминат погрешно сфатеното чувство на солидарност“.