1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заседава германскиот Бундестаг

19 октомври 2006

Германскиот парламент денеска на дневен ред има повеќе значајни точки. Меѓу другото, се одвива првото читање на договорите за членство на Бугарија и Романија во Европската унија, но исто така се води дебата за сиромаштијата во Германија, како и за извештаите за аграрната политика, за политиката кон човековите права и за годишниот извештај за разоружување за што говореше министерот за надворешни работи Фр

https://p.dw.com/p/AdT2
Жестока дебата во германскиот парламент по повод порастот на сиромаштијата во земјата
Жестока дебата во германскиот парламент по повод порастот на сиромаштијата во земјатаФотографија: AP

�нк Валтер Штајнмајер:

Со оглед на нуклеарниот тест во Северна Кореја и атомскиот спор со Иран, Штајнмајер побара нова позиција во врска со разоружувањето. При претставувањето на годишниот извештај на сојузната влада на тема разоружување, Штајнмајер изјави дека таа мора повторно да се најде на самиот врв на дневниот ред. Тој побара не само намалување на атомските арсенали, туку и разоружување во областа на малото оружје, мините и распрскувачката муниција. За Штајнмајер првата атомска проба на Северна Кореја е нов степен на ескалација:

„Сакаме да ја спречиме нукеларната трка во светот и во други региони што би ја спречиле со активна политика на разоружување. Колку е тоа итно, покажува атомската проба во Северна Кореја. Таа провокација на северно-корејскиот режим претставува еклатантно кршење на договорот за неширење на атомското оружје. Затоа го поддржувам она што го рекоа многумина овде, како и јасниот одговор на Советот за безбедност кон тој неодговорен чекор„.

Штајнмајер се осврна и врз атомскиот спор со Иран:

„На Техеран не му го оспоруваме правото за цивилно користење на атомската енергија. Меѓутоа, сакаме да спречиме Иран под таа наметка да произведе нуклеарно оружје. Од тие причини меѓународната заедница и бара меѓународна контрола на атомската програма. Споровите со Северна Кореја и Иран, покажуваат забрзана ерозија на договорот за неширење на атомското оружје. Оваа тема, за жал во светската политика во изминатите години неоправдано се најде под точката разно„, изјави Штајнмајер.

Бундестагот денеска, на барање од опозицијата, расправа и за дебатата за таканаречениот долен слој во земјата. Пратениците расправаат за причините за зголемувањето на сиромаштијата во Германија. Левата партија, на почетокот им префрли на стопанството и политиката за помагање на социјалното раслојување со кое богатите добија олеснувања, додека социјалните придобивки на вработените беа намалени.