Застрелани борци на Хамас
28 април 2007Реклама
Израелските војници на границата кон појасот Газа убија најмалку тројца милитантни Палестинци. Според информациите на израелската армија, четворица екстремисти се обиделе да депонираат експлозив во близина на граничната ограда. Се вели дека станува збор за членови на оруженото крило на радикалното движење Хамас на палестинскиот премиер Исмаил Ханија.