1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затворено поглавјето Пиноче

11 декември 2006

На возраст од 91 година, вчера, во болницата во Сантјаго де Чиле, почина чилеанскиот екс-диктатор Аугусто Пиноче. Беше бескрупулозен противник на комунизмот и лидер на пучистите кои во 1973 година го соборија легално избраниот социјалистички претседател Салвадор Алјенде. Откако како претседател воспостави воена диктатура, безмилосно ги прогонуваше противниците на неговиот режим.Иако повеќепати беше обвин

https://p.dw.com/p/AeqH
Диктаторот замина „горе„
Диктаторот замина „горе„Фотографија: dpa - Report

�т за кршење на човековите права, до смртта не се најде на обвинителна клупа.

11 сепември 1973 година. Тенкови, хеликоптери и авиони стрелаа врз претседателската палата. Генерал Аугусто Пиноче, врховен командант на армијата, изврши пуч против претседателот Салвадор Алјенде. Се постави на врвот на воената хунта и преку радиото ја правдаше акцијата:

„Воените сили и силите на редот денеска дејствуваа заедно со цел да ја ослободат земјата од хаосот„.

Пиноче, роден во 1925 година во пристаништето Валпараизо, како 17-годишник стапи во армијата и имаше стреловита кариера. Три недели пред пучот претседателот Алјенде го именуваше човекот кој со месеци го подготвуваше неговото соборување, за врховен командант на воените сили. По негова наредба беа убиени преку 3 илјади противници на режимот, илјада исчезнаа без трага, најмалку 28 илјади беа измачувани. Човекот кој најчесто се појавуваше со темни очила и капа, помпезно ја покажуваше моќта и до крај негираше дека бил диктатор:

„Верувате дека сето тоа се случи случајно? Тоа е прашање. Мислите дека ние еден ден рековме – да ќе го направиме тоа? Сето тоа имаше долга предисторија. Злоупотребите почнаа многу порано, земјата беше одземена, фабриките и индустириските постројки беа одземени, зашто тоа беше марксистичко-комунистички време„.

Освен прогонот на опозиционерите, Пиноче се концентрираше врз промената на Чиле во стриктно нео-либерална држава: со безобѕирна приватизација, масовни отпуштања, потиснување на синдикатите и социјално разнебитување. Економскиот растеж што го обезбеди тоа, му донесе многу приврзеници пред се во конзервативните кругови. Кога на референдум сакаше да биде избран за претседател на неопределено време, мнозинството му го заврте грбот. Во 1990 година поднесе оставка, но беше прогласен за доживотен сенатор што требаше да му обезбеди и доживотен имунитет. Изабел Алјнеде, ќерката на соборениот претседател:

„Тој беше главниот одговрен за се. Но, освен одговорноста за злосторствата, неговото предавство на уставот и пред се за тоа како ги кршеше човековите права, тој беше и кукавица. Мислам дека не беше во состојба да преземе одговорност и да се појави на суд„.

Претседателката Мишел Башелет, чиј татко беше лојален офицер на Алјенде, беше измачуван до смрт, а таа самата и мајка и беа затворени и мачени. Неодамна атмосферата околу Пиноче таа вака ја опиша:

„Мислам дека Аугусто Пиноче, политички веќе нема значење како личност. Тој е обвинет и сосема е јасно дека во оваа земја никој не е над законот. Судството работи и ние ќе ја почитуваме пресудата„.

До процес против Пиноче никогаш не дојде. Поради нарушеното здравје остана само во домашен притвор. Со неговат смрт затворено е и поглавјето Пиноче.