1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зврлевски разрешен од функцијата

ЖА
17 август 2017

Во македонското Собрание, со мнозинство гласови, од функцијата државен јавен обвинител е разрешен Марко Зврлевски

https://p.dw.com/p/2iPpy
Marko Zvrlevski, Staatsanwalt Mazedonien
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Пратениците во Собранието со 64 гласови „за“, ниту еден против и воздржан попладнево изгласаа разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие со денови го одолговлекуваа гласањето, со долги дебати, реплики и контрареплики. Пратенците од СДСМ  го поздравија разрешувањето на Зврлевски со овации, по што седницата заврши. Расправата за разрешување на Зврлевски траеше 20 дена.

Предлогот на Владата за негово разрешување беше ставен на расправа во Собранието во јули, а дискусијата траеше до вчера, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од понатамошна дебата. Најголемата опозициска партија се повика на мислењето на Антикорупциската комисија, која што тврди дека разрешувањето на Зврлевски во предизборен период, било кршење на Изборниот законик.

40 дена се кршат копја за разрешување на Зврлевски