1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Зелено светло за вакцината на АстраЗенека

Кристијан Валц
30 декември 2020

По дозволата за вакцината на Бионтек и Фајзер, Велика Британија даде зелено светло и за вакцината на АстраЗенека. Вакцинирањето со неа ќе почне веќе на почетокот на јануари.

https://p.dw.com/p/3nMGe
Coronavirus Impfstoff Symbolbid
Фотографија: picture-alliance/Flashpic

Велика Британија даде дозвола за вакцината на фармацевтската компанија АстраЗенека. Британската агенција за лекови даде зелено светло, соопшти Министерството за здравство во Лондон. Вакцината во истражувањата покажа помала ефикасност (70 проценти) од вакцината на Бионтек и Фајзер, но затоа може да се чува и во нормални фрижидери.

Испораката на вакцината ќе почне на 4 јануари, најави британскиот министер за здравство Мет Хенкок. „Извонредно е што можеме да ја завршиме 2020-та со ваков момент на надеж“, оцени тој. Европската агенција за лекови ЕМА смета дека издавањето дозвола за вакцината на АстраЗенека во Европската унија веќе во јануари не е веројатно.

Велика Британија е прва земја каде ќе се употребува вакцината на АстраЗенека. Шефот на фармацевтската компанија, Паскал Сорио, изрази увереност дека вакцината делува и против мутацијата на коронавирусот која беше откриена неодамна,

За разлика од вакцините на Бионтек и Фајзер (Германија/САД) и Модерна (САД), британско-шведската вакцина не е мРНК-супстанција. Супстанцијата во вакцинатана АтсраЗенека АЗД1222е ослабната верзија на вирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата. Средството би требало да поттикне создавање специфични антитела и Т-клетки, кои се важни за имунолошката одбрана.