Земјата го доби 7 милијардитото бебе
31 октомври 2011Планетата Земја од утрово брои 7 милијарди жители. Филипините објавија дека женското бебе Даница Меј Камачо е седум-милијардитото бебе. Бебето тешко 2,5 килограми е родено нешто пред полноќ под блицевите на камерите.
Мајката Камиле Далура на медиумите им изјавила дека не може да верува оти со нејзиното бебе светот брои седум милијарди луѓе. Бебето е второ во семејството на Далура и нејзиниот партнер Флоранте Камачо. ОН испратија торта за бебето, а останати подароци стасуваат од локалните функционери, како стипендија за школување, како и финансиски пакет за родителите за да отворат продавница.
Сведок на раѓањето била и 12 годишната Лорице Мае Гуевара, која филипинците во 1999 година ја прогласија за 6 милијардитото бебе на светот, но тогашнот генералнен секретар на ОН, Кофи Анан се фотографираше со босанското бебе Аднан Мевиќ како официјалното 6 милијардито бебе.
Сегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун нема да го посети бебето на Филипини. Тој изјави дека бебето ќе влезе во свет на контрадикции, посебно ако е родено од погрешната страна на линијата на сиромаштија.
Автор: Александар Методијев/ АФП
Редактор: Борис Георгиевски