Земјотрес во Италија: пред и потоа
Аматриче пред земјотресот важеше за едно од најубавите село во Италија. Сега е речиси целосно разурнато. Фотографиите пред и по земјотресот го прикажуваат целиот обем на катастрофата.
Прво идилично село - потоа купишта урнатини
Живописното село Аматриче е едно од местата кои се најмногу погодени од земјотресот. На 24 август, нешто по 03:30 часот , жителите на Аамтриче беа разбудени од голем потрес. Она што претходно беше идилична општина, сега е куп урнатини. Ако од овде се погледне кон десно...
Урнати цркви
... ќе се види што остана од црквата Киеза ди Сант'Агостино. Многу оштетена е и базиликата Сан Франческо со фрески од 14. и 15. век.
Без покрив над главата
Полициската станица во Акумоли - градоначалникот Стефано Петручи соопшти дека 2500 луѓе веќе немаат покрив над главата. Ниту една куќа не е безбедна за живеење. „Мора да организираме шатори за целото население“, изјави Петручи за италијанската агенција Анса.
Многу затрупани
Според официјалните податоци, во земјотресот загинале над 280 луѓе. Стотици се повредени. Шефот на Службата за цивилна заштита Фабрицио Курчо изјави дека што се однесува до бројот на жртвите, земјотресот може да има „уште полоши димензии од оној во Л'Аквила“ пред седум години. Тогаш загинаа 309 луѓе.
Во музеј од солидарност
Вратата на историскиот музеј во Арквата дел Тронто по земјотресот нема штук (мешавина од песок, гипс и вода со која се прават фигури и орнаменти на фасадата, н.з.). Министерството за култура во Рим најави дека сите пари од влезници за музеите што ќе бидат собрани в недела (28.06), ќе бидат донирани за жртвите од земјотресот.