1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Знамето на НАТО ќе се развее пред македонското Собрание

11 февруари 2020

Парламентот денеска ќе го изгласа законот за ратификација на Северноатланскиот договор, по што знамето на НАТО ќе се развее пред парламентот заедно со македонското.

https://p.dw.com/p/3XZz2
Mazedonien NATO
Фотографија: Regierung Mazedoniens

По вчерашниот динамичен ден со предлог-законот за Јавното Обвинителство, денешниот ден во Парламентот ќе помине во свечена атмосфера. На седницата број 133 закажана за 15 часот, има само една точка на дневниот ред: предлог на закон за ратификација на Северноатланскиот договор. На оваа седница ќе и претходат бројни средби на претседателот на паралментот, Талат Џафери, со претставници на парламентите на земјите во регионот - Мирослав Туѓман од Хрватска, Василика Хуси од Албанија, Цвета Карајанчева од Бугарија, Генци Ниманбегу од Црна Гора, како и со Атила Местерхази од Парламентарното Собрание на НАТО.

Присутен државниот врв

Според сценариото што го објави Собранието, на денешната церемонија ќе биде присутен целиот државен врв. На свечената седница која ќе започне во 15 часот, први ќе се обратат претседателот на државата, Стево Пендаровски, и премиерот Оливер Спасовски.

Mazedonien Parlament in Skopje | Namensstreit mit Griechenland
Фотографија: picture-alliance/Anadolu Agency/B. Ademi

Потоа, во име на пратниичките групи обраќања ќе имаат уште осум говорници: Јован Митревски од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова од Независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Сурја Рашиди од Алијанса на Албанците, Африм Гаши од Алтернатива, Фадил Зендели од Беса и Мерал Ферати од ДПА.
Како домаќин на законодавниот дом, последен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери, а по гласањето на законот за ратификација на Северноатланскиот договор, ќе се обрати и и Атила Местерхази од ПС на НАТО.

Повеќе:

-Членството во НАТО како утешна награда за Северна Македонија

-Во каква НАТО Алијанса влегува Македонија?!

-НАТО и руското влијание во фокусот на Помпео во Охрид


По свечената седница, планирано е во 16 часот да се одржи церемонија на која знамето на НАТО ќе биде подигнато на јарболите пред собраниската зграда заедно со знамето на Северна Македонија. За овој свечен чин изминатата недела имаше и „генерална проба“ пред зградата на Собранието. Церемонијата во живо ќе ја пренесува јавниот радиодифузен сервис. 

Со одложено дејство

Бидејќи парламентот наскоро ќе биде распуштен, (според вчерашните најави тоа може да се случи на 16-ти февруари), законот за ратификација на Северноатлантскиот договор ќе се донесе со клаузула за негово одложено дејство. Тоа значи дека законот ќе стапи во сила дури откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата држава во Алијансата. Според најавите од Мадрид, се очекува таа постапка да заврши до средината на март. Деновиве тоа го најави и претседателот Пендаровски.

Nordmazedonien, Skopje: Mazedonien Namensänderung
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Perkovksi

„Ако сè оди според планот, кога станува збор за политичките текови, околу 10-ти март би требало тој процес да биде заокружен. Ќе останат само неколку технички детали кои треба да ги заврши Собранието во Скопје“, рече Пендаровски.

Поради чекањето на ратификацијата во Мадрид, како и почетокот на изборните активности во земјава, предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор беше донесен на една од последните седници на Владата предводена од Заев, на 28 декември 2019 година.