1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Зошто Мариупол му е толку важен на Путин?

Инес Ајзеле | Монир Гаеди | агенции
18 март 2022

Проруските сепаратисти во Украина го стегаат обрачот околу Мариупол. Според руски тврдења, тие денеска се наводно веќе во центарот на градот. Зошто градот е толку важен за Путин?

https://p.dw.com/p/48fU3
Ukraine-Krieg Mariupol | zerstörte Wohngebäude
Фотографија: REUTERS

Руската армија, заедно со проруските сепаратисти, според сопствени наводи, успеала да влезе во центарот на градот Мариупол, на југоистокот на Украина. „Во Мариупол единиците на Народна Република Доњецк, со поддршка на руските воени сили, го стегаат својот обрач и се борат против националистите во центарот на градот“, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Според украински наводи, голем број луѓе во Мариупол се веќе околу две недели отсечени од снабдување со вода, струја и гас, како и храна и лекови. Локалните власти неделава соопштија дека во градот кој е под опсада, уште пред бомбардирањето на театарот, имало повеќе од 2200 жртви.

Во зградата на тетатарот, како што се вели, засолниште нашле над илјада луѓе. Колкумина се повредени или убиени во рускиот напад, не е јасно. Се тврди дека засолништето од бомби во театарот останало неоштетено.

Руското Министерство за одбрана демантираше дека се фрлени бомби врз театарот. Исто како пред една недела, кога нападите врз родилиште во Мариупол предизвикаа ужасеност во светот, и сега Москва тврди дека експлозијата е дело на националистичкиот украински полк „Азов“.

Информациите за ситуацијата во Мариупол во моментов не можат да бидат проверени од независни извори. Владите во Киев и Москва постојано се обвинуваат една со друга за пропаднатите обиди за евакуација на населението и непридржување до договорите за прекин на огнот.

Важноста на Мариупол за Путин

Моради стратешки важната местоположба, Мариупол е еден од главните цели на руските напади. Градот со над 400.000 жители се наоѓа помеѓу териториите каде владеат проруските сепаратисти во регионот Донбас и полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Мариупол не е многу далеку од границата со Русија.

Доколку го заземе пристанишниот град, Владимир Путин може да создаде коридор помеѓу Русија, Донбас и Крим и да воспостави целосна контрола над Азовско Море.

Infografik/Karte - Strategische Bedeutung Mariupols - EN

Мариупол е важен и во економски поглед. Двете челичарници во градот, Иљич и Азов-Челик, имаат голем удел од украинското производство на челик. Освен тоа, пристаништето е од одлучувачко значење за извоз на пченица од источна Украина.

Не е првпат градот да се најде среде руско-украински конфликт. Во мај 2014 година, кога почна војната во Донбас, проруските сили ги истераа украинските трупи од градот. Украинската армија повторно го зазеде градот еден месец подоцна.