1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов не му го дава мандатот на Заев

БГ
1 март 2017

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов соопшти дека одбива да му го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. За Иванов се спорни роковите и преговорите за „туѓи платформи“

https://p.dw.com/p/2YTsP
Gorge Ivanov Präsident Mazedonien
Фотографија: MIA

Претседателот Иванов вели дека нема да му го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и покрај поддршката од 67 пратеници која тој му ја достави пред два дена.

Иванов во обраќање пред граѓаните наведе „два проблеми“ поради кои нема да го стори тоа. Првиот е пробивањето на роковите согласно член 90 од Уставот чие почитување, според него, е неопходно за трансферот на власта да биде легален и легитимен.

„Постуштествен проблем. по изборите бевме непријатно изненадени од една платформа од туѓа држава. Нејзината содржина е надвор од Уставот и од Рамковниот договор“, рече Иванов. Со платформата, дополни тој, Република Македонија е уценета, „а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени“.

„Нема да определам мандат на секој оној кој преговара за платформи на туѓи држави со кои се загрозува унитарноста на државата“, заклучи Иванов, кој не дозволи новинарски прашања.