1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел се повлекува од Газа

БГ/ртр/миа5 август 2014

Утрово стапи во сила тридневното примирје кое беше договорено со посредство на Египет. Израелските сили заземаат одбранбени позиции околу Газа.

https://p.dw.com/p/1CotD
Фотографија: GIL COHEN MAGEN/AFP/Getty Images

Израелските копнени сили утрово се повлекоа од Појасот Газа откако стапи во сила примирјето договорено со египетско посредство.

„Израелските сили за одбрана ќе бидат редислоцирани на одбранбени позиции надвор од Појасот Газа и ќе останат на тие позиции, додека трае 72-часовното примирје“, изјави воен портпарол.

Портпаролот додаде дека одлуката за повлекување е донесена, откако Израел ја заврши основната мисија во четиринеделната операција - уривање на тунелите, ископани од палестински екстремисти преку границата. Тој истакна дека израелските сили ќе одговорат, ако бидат нападнати за време на примирјето.

Само неколку минути пред официјалниот почеток на примирјето Хамас испука серија ракети кон израелска територија, дел од кои паднаа во околината на Ерусалим. Засега нема информации за жртви или повредени.

Израел и палестинското движење Хамас го прифатија предлогот на Египет за тридневен прекин на огнот во Појасот Газа, со што се отвора можност за постигнување на постојан мир. По неколкунеделни дипломатски напори Израел и Хамас објавија дека го прифаќаат предложениот 72-часовен прекин на огнот, со почеток денеска во 8 часот по локално време.

Israel Krieg Gaza Abzug Feuerpause Waffenstillstand Panzer Licht Staub 04.08.2014
Фотографија: JACK GUEZ/AFP/Getty Images

Портпаролот на Хамас Фаузи Бархум изјави дека исламистичкото движење, што изминатите неколку дена водеше преговори во Египет заедно со претставници на различни палестински фракции, го прифаќа планот за примирје.

„Сега е јасно дека е во интерес на сите страни да име прекин на огнот“, изјави Басем Салхи, член на палестинската делегација. Хамас бара целосно повлекување на Израел од Појасот Газа, крај на израелската и египетската блокада, ослободување на затворениците на исламистичкото движење и меѓународна поддршка за реконструкција на Газа.

Примирјето предвидува двете страни да испратат високи делегати во Каиро за разгледување на египетскиот мировен план и постојан прекин на огнот.