1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илон Маск сака да го купи Твитер целосно

Хенрик Беме
14 април 2022

Основачот на Тесла, Илон Маск, сака целосно да го преземе Твитер. Тој веќе сега е најголем акционер во оваа социјална мрежа, со блок акции од речиси десет проценти, но сега го сака и остатокот.

https://p.dw.com/p/49xB1
Elon Musk's Twitter Profil
Фотографија: Jakub Porzycki/NurPhoto/picture alliance

Милијардерот Илон Маск има намера да го купи Твитер целосно. Основачот на компанијата Тесла денеска (14.04) објави дека сака да ги купи сите акции на социјалната мрежа. „Откако инвестирав, ми стана јасно дека компанијата во нејзината сегашна форма ниту ќе се развива ниту ќе ѝ служи на општествената цел“, напишал Маск во писмо до првиот човек на управниот одбор на Твитер, Брет Тејлор. Затоа, милијардерот сака да ја преземе целата интернет платформа.

Од Твитер се вели дека Управниот одбор „внимателно ќе ја разгледа“ понудата на Маск, кој досега има удел од 9% во компанијата. Тој сега на сите акционери им нуди по 54,20 долари за акција, соопшти надзорното берзанско тело во САД, СЕЦ.

Доколку обидот запреземање на Твитер не му успее, Маск вели дека ќе размисли за својот ангажман околу платформата. Шефот на Тесла има повеќе од 80 милиони следбеници на Твитер и е еден од најпопуларните корисници.

Шансите за успех на обидот на Маск за преземање се нејасни. Твитерима неколку инвеститори како големи акционери, од кои секој има помеѓу два и осум проценти од акциите. Значи, не би било доволно да се убедат само неколку главни акционери да го продадат својот дел.

Karikatur | Twitter-Symbol mit dem Kopf von Elon Musk mit Sprechblasen "Twi, twi".
Карикатура на Сергеј ЕлкинФотографија: Sergey Elkin

Вредноста на Твитер се проценува на 36 милијарди долари. Маск е убедливо најбогатиот човек на светот, најмногу благодарение на својот удел во производителот на електрични автомобили Тесла и компанијата за вселенски летови Спејс Икс. Финансиската компанија Блумберг, според последните цени на акциите, го проценува неговото богатство на околу 260 милијарди.

Boehme Henrik Kommentarbild App
Хенрик Беме Уредник за економија, со фокус на меѓународната трговија, автомобилската бранша и финансиите@Henrik58