1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Со ублажувањето на мерките, расте бројот на инфицирани

СН/агенции
26 мај 2020

Втората најбројна по население земја во светот, досега релативно успешно се справуваше со пандемијата на коронавирусот. Но по олабавувањето на строгиот карантин, бројот на новозаразени лица континиурано расте.

https://p.dw.com/p/3clQU
Indien Wanderarbeiter verlassen Neu Delhi wegen der Corona Pandemie
Фотографија: Reuters/A. Abidi

Индија денеска, седми ден по ред, пријавува раст на бројот на новоинфицирани случаи со коронавирусот. Индиското министерство за здравство пријави 145.380 дијагностицирани случаи, 6.535 повеќе од претходниот ден, што претставува највисок скок на новозаразените во последнава недела. Од Ковид-19 во Индија досега починаа 4.167 луѓе. 

Според наводите на официјалните лица, процентот на оние кои оздравеле, исто така, е зголемен за околу 40 насто.

Поголем број случаи се забележани во две соседни провинции во централна Индија, Махараштри, во која се наоѓа финансискиот центар Мумбаи, и во Гуџарату. Повеќе случаи се пријавени и во некои од најсиромашните провинции на истокот од Индија, додека работниците се враќаат со специјални возови во своите села од најголемите индиски градови.

Indien Wanderarbeiter verlassen Neu Delhi wegen der Corona Pandemie
Фотографија: Reuters/A. Abidi

Повеќе:

-Фотографија на денот: Со рикша против коронавирусот

-Фотографија на денот: Корона-кацига

-Една третина од светското население во карантин

Втората земја во светот според бројот на население, досега релативно успешно се справуваше со пандемијата на коронавирусот. Властите воведоа строг карантин, кој важеше околу два месеца. Растот на бројот на новозаразени е забележан додека во земјата се укинуваат рестриктивните мерки воведени заради справување со коронавирусот и во сила стапуваат поблаги мерки. Домашните летови се делумно обновени по два месеца прекин.