1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран: Запленетиот британски танкер удрил помал брод

БГ /АФП
20 јули 2019

Запленетиот британски танкер Стена Имперо удрил во рибарски брод пред да биде запленет во петокот, тврдат иранските власти по најновиот инцидент во Персискиот залив. Вториот танкер е ослободен

https://p.dw.com/p/3MMsV
Britischer Tanker Stena Impero
Британскиот танкер Стена ИмпероФотографија: picture-alliance/AP Photo/Stena Bulk

Иран тврди дека сите 23 членови на екипажот на танкерот кој пловел под британско знаме се во пристаништето Бандар Абас и ќе останат на бродот се додека не заврши истрагата, по новата ескалација на инциденти во Персискиот залив. 
„Танкерот имал инцидент со ирански рибарски брод. Кога рибарскиот брод испратил сигнал за тревога, британскиот танкер го игнорирал“, вели шефот на пристанишната служба во иранската провинција Хормозган, Алахморад Афифипур.

Британија претходно соопшти дека е во итна потрага по информации за танкерот кој патувал кон Саудиска Арабија и одеднаш го сменил курсот откако го преминал теснецот Ормуз.
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека британскиот танкер ги прекршил меѓународните поморски правила.
Претходно, иранските власти заплениле уште еден танкер во британска сопственост кој пловел под либиски знаме, но тој во меѓувреме е ослободен, а екипажот е добро.

Последните инциденти се случуваат во светло на тврдењето на претседателот на САД, Доналд Трамп дека американската армија срушила ирански воен дрон кој претставувал закана за американските воени бродови во регионот. Иран демантираше дека загубил воен дрон.