Германски институт не очекува вакцина за коронавирус наесен
12 август 2020Институтот Роберт Кох вечерва го повлече објавениот извештај во кој се тврдеше дека е можно да има вакцина против коронавирусот уште претстојната есен. Портпаролка на Институтот вечерва изјави дека се работело за недовршен документ на кој се уште се работело во институцијата.
Портпаролката сега вели дека Инстиутот „не очекува наесен да има вакцина за коронавирус“.
Во верзијата на извештајот која беше објавена попладнево се велеше дека постои можност „една или повеќе вакцини да бидат на располагање есента 2020“. Иако од Институтот предупредуваа дека „е опасно да се верува дека вакцинацијата од есента 2020 ќе ја стави пандемијата под контрола“.
Влијанието на било која вакцина ќе биде ограничено поради вирусните мутации или поради тоа што првиот производ на пазарот би можел да нуди само краткорочен имунитет, соопштија од Роберт Кох.
Германската фирма БиоНТек, која работи на нова вакцина заедно со американскиот гигант Фајзер, во вторникот повтори дека планира да побара итно одобрение за вакцината уште во октомври, доколку тековните тестови бидат успешни.
Истиот ден Русија стана првата држава во светот која даде одобрение за вакцина за Ковид-19, без притоа да ја изработи последната фаза од потребните студии.
*Овој извештај е сменет во 19:49 часот откако Институтот Роберт Кох го повлече претходно објавениот извештај.