1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиствена терористичка мрежа

Бернд Ригерт/Ж.А.30 март 2016

Разгранетоста на белгиско-француската терористичка мрежа станува се‘ појасна. Кои се извршителите нападите? Кој ги направил бомбите? Кој ги давал командите, а кои се помошниците? Истрагата стигна до дел од одговорите.

https://p.dw.com/p/1IM15
Фотографија: DW/B.Riegert

Атентатите на аеродромот и во станица на метрото во Брисел се извршени од страна на четворица Белгијци со миграциско потекло. Двајца од атентаторите се разнесоа во воздух пред шалтерите во халата на аеродромот. Третиот напаѓач на аеродромот очигледно е во бегство. На фотографиите и видео снимките од набљудувачките камери на аеродромот, објавени од полицијата, се гледа човек со темна капа, очила и бела јакна. Двајцата мртви атентатори-самоубијци од аеродромот државното јавно обвинителство веќе ги идентификуваше - Ибрахим Ел Бакрауи и Најим Лашрауи. Четвртиот напаѓач, кој се разнесе себе си во подземната метро-станица Малбек, е Калид Ел Бакрауи, брат на Ибрахим Ел Бакрауи.

Brüssel Terroranschläge Fahndung Verdächtige Najim Laachraoui
Најим ЛашрауиФотографија: Reuters/Belgian Federal Police/Handout via Reuters

Потрага по побегнатиот атентатор

Браќата Ел Бакрауи биле поврзани со Салах Абдеслам, единствениот преживен атентатор од нападите извршени на 13 ноември 2015 година во Париз. Салах Абдеслам по нападите во Брисел беше уапсен во неговото скривалиште во бриселскиот кварт Моленбек. Неколку дена претходно успеал да побегне од стан во бриселскиот кварт Форест, каде полицијата го застрела Алжирецот Мохамед Белкаид. За него се претпоставува дека бил еден од организаторите на терористичката мрежа.

Еден ден по нападот во метро-станицата Малбек, сведок за Дојче веле изјави дека покрај Калид Ел Бакрауи, видел уште еден еден човек со сомнителен куфер. Во белгиските медиуми кружат шпекулации дека Калид Ел Бакрауи не дејстувал сам.

Belgien Terroranschläge in Brüssel Fahndung Verdächtiger
Осомничениот трет атентатор од бриселскиот аеродромФотографија: picture-alliance/dpa/Federal Police

Тесна поврзаност меѓу Брисел и Париз

Важна улога како при нападите во Париз, исто така и во оние во Брисел, играл атентаторот- самоубиец Најим Лашрауи, за кого се претпоставува дека ги подготвил елеците со експлозив за париските атентатори и бомбите употребени во Брисел. Во конспиративни станови во бриселскиот кварт , во кој биле произведени бомбите, истражителите пронашле ДНК-траги од Лашрауи. Лашрауи и Салах Абдеслам имале контакти со човекот кој се смета за „мозок“ на нападите во Париз: Абделхамид Абауд. Тој, исто како и Абдеслам, потекнува од бриселкиот кварт Моленбек, накаде водат се‘ повеќе траги. Абделхамид Абауд беше застрелан пет дена по нападите во Париз, на 18 ноември 2015 година, при полициска рација во париската населба Сен Дени.

Абделхамид Абауд, според наодите на истрагата и на бриселскиот терористички експерт Клод Моник, имал контакт и со атентаторите кои во 2014 година го нападнаа еврејскиот музеј во Брисел, во април 2015 една црква во Вилжив и во август 2015 брзиот воз Талис на пат кон Париз.

Што е по помагачите?

Белгиската и француската полиција по нападите во Париз и Брисел во рациите уапсија уште цела редица високо сомнителни лица. Во јануари 2015 година беше откреина и една терористичка келија во Бервје во Белгија, исто така поврзана со Абделхамид Абауд. Во Моленбек на 18 март, значи четири дена пред нападите во Брисел, покрај Салах Абдеслам, беа уапсени уште тројца други мажи и две жени. Во последните денови во Брисел и во други белгиски градови се извршени апсења на останати сомнителни лица, од кои дел по испражувањето повторно се пуштени на слобода. Таков е случајот и со првично „жешката трага“ - осомничениот Белгиец Фајсал Шефу беше пуштен од притвор, иако против него се‘уште се води истрага поради терористички активности. Белгиските медиуми шпекулираа дека всушност Шефу е „човекот со капа“, односно третиот напаѓач во бегство од бриселскиот аеродром. Обвинителството не ги потврди сомнежите.

Abdelhamid Abaaoud Mastermind der Anschlagsserie von Paris
Абделхамид АбаудФотографија: Reuters/Social Media Website

Спречен повторен напад во Париз

Француската полиција кратко по нападите во Брисел, според сопствени наводи, спречила повторен атентат во Париз. Во четвртокот беше лишен од слобода Реда Крикет во едно париско предградие. Крикет, се претоставува, одржувал врски со главниот планер на терористичката мрежа, Абделхамид Абауд. Во станот на Крикет се пронајдени оружје и експлозив ТАТП, ист таков беше употребен и во нападите во Брисел. И Французинот Крикет исто така живеел и во Брисел.

Полицијата во Ротердам притвори еден алжирски Французин, за кој се претпоставува дека припаѓа на истата терористичка келија како и Крикет. Двајцата заеднички планирале нов напад во Франција, тврди француското обвинителство. Во групата припаѓал уште еден човек, кого пак бриселската полиција во четвртокот го рани и приведе.

Frankreich Festnahmen Terrorverdächtige in Argenteuil
Спречен терористички напад во ФранцијаФотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Mori

Типични престапници: млади синови на северноафрикански мигранти

Абделхамид Абауд, убиен од полицијата во Сен Дени, и Салах Абдеслам, кој се наоѓа во истражен затвор во Белгија, потекнуваат од Моленбек и се дружеле од рана возраст. Двајцата заминале како џихадистички борци во Сирија. Цела редица други атентатори, споменати претходно, исто така престојувале во Сирија. Најмалку двајца од деветте напаѓачи во Париз, се вратиле од Сирија во Франција, односно Белгија, преку т.н. Балканска рута, камуфлирани како бегалци. Мнозинството од овие терористи биле или се белгиски и француски државјани, нивните семејства потекнуваат од Магреб.

Досега откриената терористичка мрежа од исламистички атентатори, создадена во Белгија и Франција, се состоела од 40 до 50 лица, произлегува од проценките на експертот за тероризам, Клод Моник. Во меѓувреме, околу половина од нив се мртви, најмалку двајца се во бегство, а десет до 15 се наоѓаат во истражен затвор. Но, колкумина други помагачи работат во заднина, формираат нови ќелии и врбуваат џихадисти, не е познато. Само од Белгија стотици млади мажи заминаа како исламистички борци во терористичката армија на т.н. Исламска држава во Сирија.