1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Историски успех на младите македонски фудбалери

БГ
12 октомври 2016

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година е првата фудбалска селекција од земјата која изборила пласман на едно големо натпреварување. Победата од 2:0 над Шкотска го отвори патот на ЕП во Полска.

https://p.dw.com/p/2R8cY
Mazedonien Skopje - U21 Fußball Mannschaft gegen Schottland U21
Фотографија: P. Stojanovski

Македонија ги слави своите фудбалски херои откако селекцијата до 21 година направи историски успех пласирајќи се на Европското првенство во Полска следната година.

Во решавачкиот меч во Скопје против Шкотска, младите фудбалски надежи извојуваа победа од 2:0. Во прилог на нивните шанси одеше и победата на Украина на гостувањето кај Исланд.

„Тешко е да се изберат зборовите по еден ваков успех. Овие момци се херои, искрено ќе кажам дека ни самите не знаат колку вредат. Им реков да не се будат од сонот и на натпреварувањето во Полска“, изјави селекторот Благоја Милевски по историскиот пласман. 

Честитки стигнаа и од капитенот на сениорскиот тим, Горан Пандев.
„Ми ја наполнивте душата. Ме направивте неизмерно среќен. Би ги заменил сите национални, куп, европски и светски титули, голови и лични признанија за само еднаш да доживеев ваков магичен успех во дресот на националната селекција. Вие успеавте. Денеска сум горд на вас, горд Македонец. Секоја чест момци, знам дека нема да застанете тука“, напиша Пандев на својот Инстаграм профил.