1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истражување: Германците се оптимисти и покрај короната

ЕМФ | агенции
19 ноември 2020

Пандемијата на корона не влијае многу врз задоволството од животот на Германците.

https://p.dw.com/p/3lYhJ
Deutschland Emotion Glück l Symbolbild - Smiley
Фотографија: picture alliance/dpa/M. Schutt

И покрај рестрикциите во општествениот и економскиот живот, Германците остануваат главно оптимисти, покажа најновиот „Атлас на среќата 2020“. Нивото на среќа, и покрај пандемијата, е намалено за само 6% во споредба со минатата година (кога беше на рекордно високо ниво), покажува најновото истражување.

Нивото на среќа, на скалата од 1 до 10 поени, годинава е на 6,74, додека лани беше на 7,14 поени.

Повеќе: 

Среќни ли сте?

Парите или здравјето - што не’ прави среќни?

Мнозинството граѓани очекуваат наредната година да бидат повторно посреќни. Околу 80% од испитаниците изјавиле дека се среќни што во време на пандемија живеат во земја како Германија. Половина од испитаниците во кризата предизвикана од пандемијата гледа и позитивен развој, како во делот на зајакнување на соживотот во општеството. 70% од испитаниците, пак, се уверени дека корона-кризата ќе биде поттик за создавање поодржлив економски систем.

Рент-А-Фин

Најсреќните луѓе во Германија живеат, исто како и досега, на северот од земјата. На врвот се жителите на покраината Шлезвиг Холштајн, заедно со Хамбург, додека на трето место е покраината Баден Виртемберг, а потоа следува Северна Рајна Вестфалија. Најнесреќни се луѓето кои живеат во покраината Тирингија.

„Атласот на среќата“ се прави по налог на Германска пошта, а го мери индивидуалното задоволство од животот врз основа на фактори како работа и плата, здравје и старот, семејство, безбедност, слободно време, медиуми и економски пораст.