Италија го заострува курсот на штедење
6 јули 2012Кабинетот на премиерот Марио Монти донесе одлука за дополнителни заштеди во буџетот. За годинава се предвидени кратења во висина од 4,5 милијарди евра. Наредната година Италија ќе треба да заштеди 10,5 милијарди евра, додека во 2014 година 11 милијарди евра.
Планираното покачување на ДДВ-то за два проценти може да биде оддолжено до јули идната година. Планирани се кратења во здравствениот систем и јавниот сектор за десет до дваесет проценти. Предвидено е да бидат укинати 20 проценти од раковдните функции и секое десето работно место. „Штедењето во никој случај нема да го ограничи квалитетот на услугите за граѓаните“, изјави премиерот Монти по ноќната седница на владата во Рим.
Претставници на синдикатите најавија протести против курсот за штедење, уште пред да бидат усвоени мерките. На крајот на април владата на Монти најави дека годинава се панираат кратења од 4,2 милијарди евра.