Италија и натаму бара влада
29 март 2013Уште однапред му се предвидуваа мали шанси. Водачот на централно - левичарскиот сојуз Пјер Луиџи Берсани синоќа немаше добри вести за претседателот на Италија Џорџо Наполитано. Неговите напори за формирање влада на широка база пропаднаа. Популистичкото движење Пет ѕвезди, под водство на влијателниот комичар Бепе Грило, одби да обезбеди мнозинство за владината коалиција. Берсани, од своја страна, постојано одбива коалиција со централно-десничарскиот сојуз на екс премиерoт Силвио Берлускони.
Кабинетот на Монти како модел?
Од кабинетот на претседателот Наполитано потоа стигна информацијата дека ќе започне со „сопствени консултации“. Дел од набљудувачите претпоставуваат дека претседателот сака да ја разгледа опцијата за надпартиска влада од експерти. Тој одбива малцинска влада на левичарите, како и нови избори. „Планот Б“ би бил евентуално „политичар на добар глас во Европа“ на чело на владата во Рим, за „со нова влада на претседателот“ да се поврати довербата во рефомите.
Берсани и Берлускони би морале во таков случај да го поддржуваат овој надпартиски кабинет, како што последно беше случај со премиерот Марио Монти.
Берсани, на кого многумина се надеваа, ситуацијата во земјата ја опиша со голема доза на зајадливост. „Мора да се биде ментално болен за да се има горлива желба во моментов да се владее“, заклучи невешто Бресани и дополни: Тој бил „подготвен, да преземе огромна одговорност“. За тоа, меѓутоа, е потребна половина од сите. Сојузот на Берсани на парламентарните избори освои апсоплутно мнозинство во претставничкиот дом, но не и во сенатот.
Сега на чело на владата во Италија е технократот Марио Монти, кој изјави дека едвај чека да биде заменет на функцијата.