Трескавична потрага по преживеани во земјотресот
24 август 2016Реклама
Голем број домови се целосно уништени во областите каде што беше епицентарот на земјотресот, во регионите Марке, Умбрија и Лацио.
Локалните жители и спасувачките служби се борат да ги спасат оние кои останаа затрупани под урнатините. Ова е најсилниот земјотрес во Италија од 2009 година, кога 300 луѓе загинаа во земјотресот кој го погоди градчето Аквила.
„Состојбата е драматична, има многу мртви“, изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци. „Половина село е исчезнато“.
Силината на земјотресот била почуствувана и во 150 километри оддалечениот Рим, каде претпладнево папата Франциско ја прекина утринската миса за да изрази сочувство до настраданите.