Италијанскиот премиер бара гласање доверба
29 април 201364-тата повоена влада на Италија стои пред херкуловски задачи. Се работи за ништо помалку отколу високозадолжената евро земја, која се наоѓа во рецесија, повторно да се врати на курсот. Новиот премиер Лета, кој се смета за умерен, има намера да вложи особени напори да се намали невработеноста во земјата. Освен ова треба да се поттикне стопанскиот пораст и натамошно да се намалуваат долговите. По неговата владина изјава пред пратениците во Рим, 46 годишниот левичар- либерал ќе побара гласање доверба.
Новиот владин кабинет поднесе заклетва вчера (28.04.2013) пред претседателот Џорџо Наполитано. Со тоа за првпат по 1947 година во Италија на власт е сојуз од левичарски и десничарски политички сили. Социјалдемократски ориентираната партија на Лета, Демократската партија, коалицира со централно-десничарската партија Народ на слободата на екс премиерот Силвио Берлускони и малата партија на центарот на досегашниот премиер Марио Монти.
Сепаратистичката Северна лига на Роберто Марони и популистичкото движење „Пет ѕвезди“ на комичарот Бепе Грило како и малата левичарска партија СЕЛ се опозиција.
Вчерашната свечена церемoнија, на која владата поднесе заклетва беше засенета од инцидентот кој го предизвика 49 годишен невработен од јужно-италијанската Калабрија. Тој почна да стрела во близина на седиштето на владата и повреди двајца полицајци и една бремена жена, по што, според полицијата, се обидел да се самоубие. Тој беше уасен. Државниот обвинител Пјерфилипо Лавијано по првите сослушувања во полицијата ги потврди политичките мотиви на лицето кое го предизвика инцидентот. Тој сакал да нападне политичари, но бидејќи не стигнал до нив „почнал да стрела врз карабинерите“.