1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Кабината од жичарницата паднала поради скината сајла?

ЕМФ | агенции
24 мај 2021

По причината за падот на кабина од жичарницата во Иралија сѐ уште се трага. Во меѓувреме почина уште едно дете.

https://p.dw.com/p/3tqZO
Italien Seilbahnunglück Piemont
Фотографија: Soccorso Alpino e Speleologico Piemontese/dpa/picture alliance

Истрагата за падот на кабина од жичарницата кај местото Стресо, западно од Лаго Маџоре, ја води обвинителството во регионот Пиемонт. Засега причините за падот се непознати. Според изјава на иследник на карабињерите, која ја пренесуваат агенциите, до несреќата дошло најверојатно по кинење на сајла. По падот, кабината, како што се вели, се спуштала по планината и на крајот удрила во дрво. Во кабината, која падна од висина од 15 метри, се возеле 15 лица. Едно италијанско деветгодишно дете, кое беше пренесено во болница во Торино, во меѓувреме им подлегна на тешките повреди.

Italien Seilbahnunglück Piemont
Фотографија: Italian Police/AP/dpa/picture alliance

Денеска израелското Министерство за надворешни работи потврди дека меѓу загинатите има и петмина израелски државјани. Се работи за членови на едно семејство, соопшти Министерството. Како што се наведува, загинале брачна двојка, која била на работа во Италија, и нивниот двегодишен син, како и бабата и дедото на жената кои биле дојдени на посета во Италија. Второто дете на брачната двојка, кое има пет години, е тешко повредено и е пренесено во болница. Тоа има тешки фрактури на нозете, оперирано е и состојбата му е стабилна, јави агенцијата Аднкронос.

Italien Seilbahnunglück Piemont
Фотографија: Vigili del Fuoco/dpa/picture alliance

Кабината од жичарницата е падната во тешко пристапно подрачје, велат спасувачите. Италијанскиот премиер Марио Драги и претседателот Серџо Матарела им изразија сочувство на семејствата на загинатите. Претседателот на регионот Пиемонт, Алберто Чирио, бара разјаснување на причините за несреќата и нагласи дека Италија е безбедна земја. Жичарниците во Италија почнаа со работа во саботата по пауза од повеќе месеци поради пандемијата на коронавирус.