1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како два германски острова функционираат без пластика?

СН/ агенции
20 февруари 2019

Дали сте подготвени да платите повеќе за одмор без пластика? Заслужено да уживате, а притоа да придонесувате против загадувањето на животната средина. Тоа е можно на два германски острова во Северното море.

https://p.dw.com/p/3DjAs
Plastikmüll in der Nordsee
Фотографија: picture-alliance/Ingo Wagner

Полиетиленски кеси, пластични чаши, цевки и сувенири ... Без сето тоа веќе три години живеат мештаните, но и туристите на два острова во Германија. Пилот проектот се спроведува на островите Фер и Хоге. Северното море е популарно одредиште за одмор за Германците.

Годишно, речиси 20 илјади тони пластичен отпад завршуваат во морето. 70% од отпадот останува на дното на морето и има значителен негативен ефект врз морскиот свет.

На Фер можат да се најдат пластични остатоци само во контејнерите за отпад. Во продавниците има исклучиво хартиени кеси и платнени торби. Во киосците за сувенири нема ниту еден магнет или фигура од пластика.

Одмор без пластика

Локалните жители веќе научија како да живеат без работи од полиетилен и пластика. Секаде каде што е можно, тие се заменети со предмети од стакло, дрво, метал и хартија.

На туристите им се нуди само еко-сместување во апартманите и хотелските соби. Сите предмети за домаќинство и за јадење во апартманите се исклучиво од природни материјали. Проектот на островите Фер и Хоге се покажа многу успешен. Па затоа се планира да се прошири и на места на Северното море. Во прв ред, на островот Зилт кој е едно од најпопуларните морски одморалишта во Германија. За волја на вистината одморот на таквите еко-острови и не е баш евтин. Но еколошки освестените туристи велат дека пријатното чувство дека не ѝ се наштетува на природата дополнително го разубавува одморот.