1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
12 фотографии
Б. Георгиевски28 април 2016
https://p.dw.com/p/1IbgH

Протестот кој започна по убиството на Мартин Нешковски на изборната ноќ во 2011 година, и подоцна прерасна во движење под името #Протестирам, деновиве еволуираше во ткн. Шарена Револуција во Македонија.

Во меѓувреме еволуираа и барањата на илјадниците млади луѓе кои секојдневно излегуваат на улиците на Скопје и други градови низ Македонија. Во рамките на широкиот корпус: тие бараат правда, еднаквост, одговорност во општеството. Во борбата за промени, нивните активности воглавно се насочени кон актуелната владејачка гарнитура од која се бараат оставки, фер и демократски избори и повлекување на амнестијата на претседателот Иванов.