1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како се живее на минус 30 степени

27 февруари 2018

Додека метеоролозите на Балканот најавуваат уште студени денови, мала утеха можете да најдете во... Сибир. Во руската република Туви за тамошните сточари кои главно живеат во шатори, и минус 30 е „нормална температура“

https://p.dw.com/p/2tPCq
Russland Nomaden mit Schafherden in Sibirien
Фотографија: Reuters/I. Naymushin

Студениот бран кој деновиве ги зафати Балканот и Македонија го вклучи алармот во многу градови. Проблеми со сообраќајот, неисчистени улици, затворени училишта. Властите се жалат од снегот и поларните температури, граѓаните се лутат на властите и на нивната несмасност. Во некои региони во светот, сѐ е далеку поедноставно. Во Сибир, на пример, каде „нормалниот живот“ се одвива на температури од минус 30 под нулата. Во руската република Тува локалните жители немаат кому да се пожалат, а за волја на вистината, немаат ни зошто. Еве како се живее таму: