Католичката црква ги отвора архивите
10 јули 2011Реклама
Од извори на Бискупската конференција во Бон се дознава дека идејата е да се добијат веродостојни информации за случаите на сексуално злоставување од страна на свештените лица, да се откријат мотивите, како и да се добие точна слика за она што се случило. Големата студија треба пред се’ да помогне во поупешното спречување на натамошни случаи. Како поддршка за испитувањето Бискупската конференција вети, дека ќе им овозможи пристап на соработниците на Институтот за криминолошки истражувања од Долна Саксонија, вклучувајќи ги и досијеата на кадровските служби во сите 27 диоцези за изминатите 10 години. Во девет од диоцезите архивата ќе биде отворена се’ до 1945 година.
Автор: ГЧ/ дв
Редактор: Александра Трајковска