1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина лансираше нова вселенска мисија

БГ
17 октомври 2016

Вселенското летало „Шенжу-11“ со двајца астронаути денеска беше успешно лансирано од станица во северна Кина.

https://p.dw.com/p/2RIaK
China startet Shenzhou-11 Raumfahrzeug
Фотографија: Picture-Alliance/dpa/H. H. Young

На леталото ќе му требаат два дена да стигне до крајната одредница, вселенската станица Тиангонг 2, каде астронаутите ќе минат 30 дена експериментирајќи со растенија и со сопствените тела преку ултразвук. Тоа ќе биде најдолгиот престој на кинески астронаути во вселената. Кина е само третата земја во светот, по САД и Русија, која испраќа вселенска мисија.

China Shenzhou 11 Astronaute
Кинески астронаути беа испратени како херои на новата мисија. Фотографија: Picture-Alliance/dpa/Chinatopix via AP

Во 2013 година, беспилотниот ровер Јуту, успешно слета на Месечината. Кина планира да изгради сопствена постојана вселенска станица и се надева дека Тиангонг 2 може да стане оперативна до 2022 година. Годишната кинеска вселенска програма се проценува на околу 2,2 милијарди долари. 

Кина испрати нова вселенска мисија