1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина тврди дека птичјиот грип е под контрола

ЖА/ртре/макфакс8 април 2013

Кинезите се убедени дека можат да го држат под контрола ширењето на новиот вид на вирусот на птичјиот грип, изјави синоќа (07.04) висока кинеска функционерка за здравство. Ова е одговор на загриженоста на СЗО.

https://p.dw.com/p/18BTM
Фотографија: Reuters

Изјавата на надлежните во Кина следува откако Светската здравствена организација, СЗО, објави дека последниот месец се регистрирани 21 случај на заразата со вирусот H7N9 кај луѓето, вирус што досега не беше познат и за кој нема вакцина, а досега, според некои кинески медиуми, починаа 11 лица.

Кинеските здравствени власти објавија дека ги мобилизирале сите потребни сили низ територијата на целата земја за борба против новиот вид, како и дека се под надзор сите оние коишто биле во близок контакт со лицата за коишто е потврдено дека се заразени со споменатиот вирус H7N9.

„Убедени сме дека можеме ефикасно да го држиме под контрола ширењето на вирусот H7N9“, изјави претседателката на кинеската Државна комисија за здравство и планирање на семејството, Ли Бин, на маргините од состанокот организиран од Светската здравствена организација во Пекинг.

Ли не објави детали, меѓутоа таа е највисоко позиционираната личност во кинеската државна комисија којашто јавно го коментираше случајот.

Во извештајот на СТО објавено во седиштето во Женева, се наведува дека се регистрирани повеќе од 530 блиски контакти со 21 лице заразено со спомнатиот вид на вирус, како и дека нивната ситуација постојано се следи. „Засега немаме никакви докази за пренесување на овој вид на вирусот од еден човек на друг“, се потенцира во соопштението на Светската здравствена огранизација.