Кинеска Нова Година: Големото патување
Новата година е најважниот празник во Кина. Тогаш традиционално само од Пекинг десетици илјади луѓе се упатуваат кон своите родни места. Масовната преселва важи за најголемата миграција годишна миграција во светот.
Добро натоварени
Багаж колку што може максимално да се понесе - новогодишниот празник, кој секогаш се паѓа во текот на првата лунарна фаза помеѓу 21 јануари и 21 февруари, за многу Кинези е најважниот ден во годината. Некои си штедат денови од одморот за да можат да останат подолго кај своето семејство, кое неретко е илјадници километри далеку.
Масовно во насока кон родното место
Празникот предизвикува толкав бран на патници поради огромниот број Кинези кои живеат одделно од семејствата - меѓу нив околу 40 милиони Кинези во странство и речиси 300 милиони работници кои не работат во местото каде што им се семејствата. Според агенцијата Ксинхуа, за празникот се ставаат во погон околу 5000 специјални возови, а патниците имаат на располагање 500.000 илјади авиолинии.
Тест на трпеливост
Долгите редици се едноставно задолжителни. Овде, во Гуангжу, во 2016. беа заглавени десетици илјади луѓе поради лошото време и отпаѓањето на многу возови. Но и без такви работи мора да се биде многу трпелив. За да се скрати времето на чекање на некои станици во воз може да се влезе и без билет. Патниците при контрола едноставно со мобилен телефон скенираат код и на тој начин плаќаат за патувањето.
Култура среде хаос
Концерт во влезната хала на железничката станица во Харбин. Се прави сѐ што е можно за да се одржи доброто расположение за време на 40-дневниот период на патување. Оние што ќе се одлучат за патување со автомобил, мора и сами да си пеат.
Тестирање нови технологии
Кога цела земја е во движење, припадниците на безбедносните служби се во зголемена готовност. Според медиумски извештаи, полицијата минатата година во мега-градот Женгжу, во текот на бранот на патување тестирала очила со камери за препознавање на лик. Годинава на железничката станица во Шенжен тие имаат помош од „безбедносни роботи“.
По кучето следува свињата
Според кинескиот календар, Нова Година во оваа 2019. е на 5 февруари. Се поздравува годината на свињата, која следува по годината на кучето. Кина најави дека доаѓањето на Новата година ќе го најави со свој филм за омилената свиња од цртаните филмови „Свинчето Пепа“ - иако истоимената Би-Би-Си серија се најде во фокус на цензорите пред само неколку месеци.
Глобален спектакл
Најважниот кинески семеен празник се слави пред сѐ во источна Азија. Меѓутоа, фестивали со типични новогодишни обичаи, како паради на змејови и огномети, има насекаде каде има кинеска дијаспора. Сепак, особено спектакуларно и раскошно се слави во Кина. На изложбата на фенери во градината Ју-Јуан во Шангај ѕвезда е исто така една свиња.