1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19 и (не)фер распределбата на вакцината ширум светот

Уте Валтер
26 октомври 2020

Над 170 научни тимови работат на вакцина против Ковид-19. Со оглед на тоа што многу земји страдаат економски поради пандемијата, расте загриженоста дека во прво време само богатите земји ќе имаат пристап до вакцина.

https://p.dw.com/p/3kRR9
Gesundheitskonferenz «World Health Summit» - Spritze
Фотографија: Karl-Josef Hildenbrand/dpa/picture-alliance

Клиника на периферијата на главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу - последна станица на вакцина која поминала половина свет. Тука мора да чува на ладно. Но, токму тоа би можел да биде голем предизвик при глобалната распределба на иднатавакцина против корона.

Жан-Клод Мубала, УНИЦЕФ-раководител за здравје и исхрана, објаснува:

„Имаме проблеми со капацитети за складирање на вакцините, имаме премалку фрижидери. Значи, ако денес, на пример, сакаме да вакцинираме против коронавирус, би ни биле потребни многу повеќе фрижидери за чување на вакцините.“

Друг проблем е цената. УНИЦЕФ и други хуманитарни организации бараат суспендирање на заштитата за патенти, за секој, и луѓето во сиромашните земји, да може да си дозволат вакцина против корона.

Елизабет Масуте, портпаролка на Лекари без граници, вели:

„Во минатото бевме сведоци и сѐ уште сме сведоци на тоа дека во посиромашните земји има помала веројатност за вакцинирање на луѓето. Во кризни региони, како Демократска Република Конго, минатата година повеќе луѓе починаа од морбили отколку од ебола. Тоа е така затоа што има премалку вакцини.“

СЗО сака да обезбеди услови за тоа да не се случи со Ковид-19. Затоа, со новата Ковакс-програма ширум светот треба да се обезбедат две милијарди вакцини до крајот на наредната година. Кон иницијативата веќе се приклучија 180 земји, меѓу нив и Кина, Индија иГерманија.