Ковид-19: Помош од најверниот човеков пријател
Коронавирусот нема мирис, туку инфекцијата доведува до промени во метаболизмот, односно се создава одреден вид пот што кучето може да го открие.
Кучињата можат да детектираат туберкулоза, паразитски инфекции, па дури и раните фази на рак.
Тие исто така можат да регистрираат мали промени во температурата, што може да помогне да се утврди дали некое лице има треска.
Повеќе:
-Германија тренира кучиња за откривање на коронавирусот
Токму поради овие причини германската армија- Бундесверот обучува кучиња за да можат да го намирисаат коронавирусот. Првичните ветувачки резултати велат дека кучињата со голема сигурност ги препознаваат заразените со „Ковид-19“ од примероците на нивната плунка.
Целта на пилот-проектот е кучињата да се обучат да препознаваат лица заболени од Ковид-19, на пример на аеродромите или на влезовите на големите настани.