Кои се луѓето на бегалската рута низ БиХ?
10 август 2018Реклама
Европската комисија денеска донесе одлука да ѝ се доделат 6 милиони евра поддршка на Босна и Херцеговина во управување со бегалската криза, како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Средствата од ЕУ ќе ги унапредат капацитетите на Босна и Херцеговина за идентификација, регистрација, спроведување на државјаните што ја поминале границата, осигурување сместување и основни услуги за бегалците, азилантите и мигрантите, контрола и надзор на границата.
Низ БиХ поминува новата Балканска рута, по која мигрантите и бегалците, бегајќи од војна или тешка економска ситуација, се обидуваат да стигнат до некоја од земјите на ЕУ. Таму сретнавме дел од нив и ги прашавме од каде се и каде тргнале, за што сонуваат.