1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона: Враќањето на кризните региони

Андреас Нол
10 септември 2020

Италија, Шпанија и Франција: онаму каде што пандемијата пролетоска избувна со голема сила, бројот на инфицирани повторно брзо расте. Дали на јужна Европа повторно и’ се заканува преоптоварување на здравствените системи?

https://p.dw.com/p/3iG6t
Spanien | Coronavirus - Maskenpflicht im Freien
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/M. Fernandez

Министрите заевропски прашања на германските покраини сакаат да избегнат повторно затворање на границите по секоја цена. Наместо тоа, заедно со претставници од соседните земји, на конференција во покраината Сар, сакаат да разработат прекугранични планови за пандемијата. Поглед преку границата оддалечена само неколку километри за министрите е алармантен.

Повеќе: Вклучуваш светло - и нема коронавирус?

Франција

Кризниот регион почнува веднаш зад границата. Целиот департман Долна Рајна, заедно со шест други региони, изминатиот викенд беше деклариран за „црвена зона“, бидејќи бројот на инфекции таму нагло расте.

Затоа европскиот парламент засега нема да заседава во Стразбур, туку ќе остане на неодредено време исклучиво во Брисел.

Регионот Елзас уште на почетокот на пандемијата беше особено тешко погоден. Тогаш молитвена недела во Мулхаус придонесе за силно ширење на вирусот. На врвот на првиот бран болниците во регионот беа преоптоварени, војската привремено стави монтажна болница на располагање за сместување на болните.

Такво нешто моментално нема. Ситуацијата на интензивните оддели е под контрола во сите 28, од околу 100 француски региони, кои сега се декларирани како „црвена зона” каде што вирусот „активно циркулира”. Во целата земја има интензивна нега има околу 500 пациенти со Ковид-19.

Frankreich Valence | Coronavirus | Mann mit Plastikmaske
Француски полицаец контролира возач со маскаФотографија: Imago Images/H. Lucas

Обврска за носење маски и на отворено

Една причина за досега малото оптоварување на здравствените капацитети: актуелно главно млади лица се заразуваат со вирусот Сарс-Ков-2. Многу од нив поминуваат без симптоми, објаснува матичниот лекар Сабрине Пинто, која има ординација на околу 40 километри југозападно од Париз.

Но, состојбата не се разликува од пролетоска само по старосната структура на пациентите. Француските власти го зголемија бројот на тестови: во споредба со пролетоска повеќе од дваесеткратно.

Франција на крајот на мај тестираше по 40 илјади лица неделно, додека во неделата од 24-30 август беа тестирани повеќе од 850 илјади лица. И политиката поради тоа реагира воздржано. Нови забрани за движење или затворање на границите во моментов не се предмет на размислување.

Затоа пак во сѐ повеќе градови важи обврска за носење маски и на отворено.

Повеќе: 

Запрено истражување на вакцина против Ковид-19

„Успех би бил ако корона-вакцината барем го ублажи текот на болеста“

Шпанија

Пролетоска Шпанија беше една од најмногу погодените земји од корона-пандемијата. По нормализација на ситуацијата, на почетокот на летото, експертите повторно го вклучија алармот. „Заразата се шири, се заразуваат и деца и возрасни, сите се заразуваат“, се пожали минатата недела регионалната претседателката на главниот град Мадрид, Изабел Диаз Ајусо.

Германската влада во меѓувреме издаде предупредување за патување за целата земја, но најдраматична е ситуацијата во главниот град. На 100.000 жители во просек има по 500 заразени – квота која ја нема на ниту едно друго место во Европа. Слично како и во Франција, и во Шпанија пред се’ се регистрираат сѐ повеќе млади заразени, поради што болниците засега не се преоптоварени. Како реакција на зголемениот број заболени, шпанските власти ги заоструваат корона-регулативите. Владата во Мадрид вели луѓето да се среќаваат во мали групи, максимум до десет пријатели или роднини.

Spanien | Coronavirus - Maskenpflicht im Freien
Млади Шпанци со и без маскиФотографија: picture-alliance/dpa/AP/F. Dana

Италија

Најпознатиот пациент заразен од коронавирус во земјата во моментов се вика Силвио Берлускони. Поранешниот италијански премиер се огласил за првпат откако се зарази обраќајќи им се на своите партиски колеги: „Давам сѐ од себе и се надевам дека наскоро ќе се вратам“, им рекол 83-годишнот политичар на конференцискиот повик. „Се борам, за да ја победам оваа пеколна болест“, додал Берлускони.

Додека јавноста во голема мера се интересира за здравјето на поранешниот премиер, властите трескавично работат на плановите за почеток на школската година. Со исклучок на ЈУжен Тирол, каде наставата е веќе започната, учениците во понеделник повторно ќе тргнат на училиште. Повеќе од половина година, како никаде на друго место во светот, децата и младите во Италија немаа настава со физичко присуство. Сѐ уште се работи на концептот за задолжителни хигиенски и безбедносни протоколи. Сепак, веројатно нема да има задолжително постојано носење маска доколку учениците можат да одржат дистанца од еден метар.

Italien Silvio Berlusconi
Силвио Берлускони е меѓу заболените од Ковид-19 во ИталијаФотографија: picture alliance/dpa/D. Dal Zennaro

Просечна возраст на заразени: 32 години

И властите во Италија се загрижени поради зголемениот број на инфицирани. Со над 1700 регистрирани случаи достигнат е највисок број на дневно новозаразени од почетокот на мај досега. Слично како и во Франција и Шпанија, и во Италија сѐ повеќе заразени се млади луѓе. Според експертите, тоа се должи на семејни веселби во лето, но и поради неносење маски на преполните плажи и забави. Ако просечната возраст на заразени со коронавирусот во пикот на првиот бран кон крајот на март беше 63 години, на крајот на август таа падна на 32 години. Исто како и во Франција и Шпанија, и италијанските болници немаат наплив на заболени пациенти. На почетокот од неделава на интензивна нега се лекуваат помалку од 150 пациенти поради Ковид 19.

Coronavirus | Schule in Italien Rom
Италијанските ученици ќе почнат со физичко присуство на настава за наколку денаФотографија: Getty Images/AFP/T. Fabi

Дебата околу времетрање на карантинот

Во меѓувреме во земјите кои се повторно силно погодени од коронавирусот, расте притисокот врз политиката за ревидирање на правилата за карантин. Министерот за здравство на Франција, Оливие Веран до петок ќе одлучи дали задолжителниот карантин од 14 дена ќе се намали на 7, а дебата на оваа тема се отвори и во Италија. „Ако би го скратиле карантинот, тогаш би се намалиле и социјалните и економските трошоци,“ изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте. Шефот на владата има поддршка од бројни експерти во земјата кои се залагаат за ваков чекор кај асимптоматските случаи на заразени од коронавирусот.