Коронавирус: 22 починати и 1192 нови случаи
4 ноември 2020Дваесет и две лица починаа како последица на Ковид-19, од кои што најмладиот има 41 година. Во изминативе 24 часа евидентирани се 1.192 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 35.097. Оздравеле 359 пациенти, информира Министерството за здравство.
Повторно најголем број случаи има во главниот град Скопје - дури 571 новозаразен, но голем е бројот на заразени и во Тетово – 87, Куманово -63, и Прилеп-51.
Скопје е на врвот на листата и по починати од коронавирус. Изминатото деноноќие дури осуммина скопјани починале од опасниот вирус на возраст од 51 до 84 години. Починати се и по двајца пациенти од Штип,Тетово, Велес, Битола, и Охрид, а по едeн починат од корoнавирус има во Прилеп, Гостивар, Крушево и Пехчево.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 35.097, бројката на оздравени пациенти е 22.024 , на починати е 1.071, а бројот на активни случаи изнесува 12.002.
Од вечерва стартуваше спроведувањето на анти-ковид мерките усвоени од Владата, со кои угостителските објекти се затвораат во 21 часот, забрането е групирање во ноќните часови и се препорачува граѓаните да не се движат непотребно на отворено.