1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корупциски афери во Берлин и криза во Дајмлер Крајслер

8 април 2004

Коментаторите на германските весници денеска се фокусираат на корупциските афери во Берлин, како и на кризата во концернот Дајлмер Крајслер.

https://p.dw.com/p/AeH7
Ернст Велтеке,актер на корупциска афера
Ернст Велтеке,актер на корупциска афераФотографија: AP

По повод неочекуваната оставка на сенаторот на Берлин и претседател на Социјалдемократите,Петер Штридер,поради скандалот со Темподромот,пренесуваме извод од коментарот во весникот "Ноес Дојчланд":

Вчерашниот не беше добар ден за Црвено црвените во Берлин,главниот германски град.Иако коалицијата не е во опасност,дури и ако кадровската смена не беше проследена со покажување голема слабост.Без Петер Штридер на СПД и на ПДС нема да им биде лесно.По маките со штедењето во првото полугодие,сега требаше да тргнат во реализирање на постапките кои ветуваа посветла иднина.Но,наместо тоа Социјалдемократите во моментов мораат да вршат кадровски промени,пишува "Ноес Дојчланд".

Весникот "Тагесшпигел" на оваа тема пишува:

Финансирањето на Темподромот,често со цел прикривано и нечисто,како и поврзано со негување на политичката сцена со посебни фондови,не само што го чини Берлин многу средства,туку првенствено го наруши угледот и довербата кон градот.Промената во менталитетот е предуслов за финансиско спасување на метрополата,што денеска не е можно со нејзини сопствени сили,заклучува "Тагесшпигел".

Весникот "Берлинер куриер" коментира:

Петер Штридер толку радо сакаше да остане омилен политичар.Тоа меѓутоа никако не можеше да биде остварено.Граѓаните на Берлин не го сакаа,а дури и во својата партија ретко беше наградуван со аплауз.Неговата сомнителна улога во аферата со банките,анкетата во СПД,па тоа со Темподромот...Едноставно,сето тоа беше премногу,оценува “Берлинер куриер".

На втората тема,аферата околу претседателот на Германската сојузна банка,Ернст Велтеке,кој ги уживал благодетите на луксузниот хотел Адлон на сметка на Дрезденска банка,коментаторот на "Франкфуртер рундшау" пишува:

Случајот Велтеке е првенствено личен проблем.Тој не обележува ништо ново.Покажува дури неспособност на еден љубезен тип да свати дека мерилата едноставно станале построги.

Весникот "Офенбахер пост" додава:

Не е ли всушност така што колку се некои помоќни,толку повеќе губат чувства за примерност и моралност?Горди се ,примаат дебели плати и тешки пензии,а потоа уште ни раскажуваат како во овие тешки времиња заеднички треба да ги стегаме ремените.

А по повод собирот во Дајмлер Крајслер"Нордбајерише куриер" оценува:

Крајслер е случај за санација;Мицубиши е пред банкротство,а и самиот Мерцедес,силното јадро на концернот,бара поддршка.Забележан е негативен биланс од 5,5 проценти.Не е никакво чудо што претседателот на управниот одбор на концернот,Јирген Шремп,беше остро критикуван на главниот собир на фирмата.

Весникот "Ханделсблат" дополнува:

Акционериет постепено губат доверба во политиката на Шремп.Се помалку акционери сакаат да се тешат само со присетување на подобрите времиња.

Весникот "Штутгартер нахрихтен "оценува:

Времето кога во концернот беа гаснети многу пожари,за Јирген Шремп станува се потесно.Годинава е преодна.Сите очекуваат резултати,во спротивност,на шефот на Дајмлер му се заканува за две години конечно да си замине,пишува "Штутгартер нахрихтен".