1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој победи на локалните избори во Хрватска?

16 мај 2005

Коалицијата предводена од опозиционата Социјалдемократска партија освои најмногу гласови во најголемите градови во Хрватска покажуваат прелиминарните резултати од локалните избори одржани вчера .

https://p.dw.com/p/AcqV
Премиерот Санадер прогласи победа на изборите на неговата ХДЗ
Премиерот Санадер прогласи победа на изборите на неговата ХДЗФотографија: AP

Владејачката партија ХДЗ загуби и во четвртиот град по големина , Осјек , каде што победи независниот кандидат Бранимир Главаш.

Сепак тоа не го спречи владејачката Хрватска Демократска Заедница да прогласи успех на изборите .

„ХДЗ не само што потврди дека е најсилна партија туку и оти е сигурен победник на овие избори“ – изјави синоќа хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ , Иво Санадер по соопштувањето на првичните резултати од изборите . Имено неговата партија остварила победа во осум од вкупно 20 жупании во државата, додека нејзиниот конкурент СПД со своите коалициони партнери води во шест жупании .

Сепак аналитичарите сметаат дека ХДЗ не остварила послаб резултат од очекуцваниот и оти е прехрабро да прогласи победа на изборите , со оглед дека остварила полоши резултати од опозицијата во четирите најголеми градови во земјата.

Таков став дели и хрватскиот претседател Стипе месиќ кој синоќа истотака истакна дека на изборите победила европската и демократска опција и партиите кои се ориентиртани кон европските стандарди а не само кон датумот за почеток на преговорите со ЕУ“

Лидерот на опозиционите Социјалдемократи Ивица Рачан истотака имаше што да каже за самопрогласувањето на Санадер за победник на изборите:

„ Манир на ХДЗ се големите ветувања кои не се исполнуваат. Така господинот Санадер веќе се прогласи за победник . Малку повеќе скромност и реаалност не е на одмет“ – изјави Рачан.

Некои лидери во редовите на опозицијата дури повикаа и на одржување на предвремени избори кои би требало да се одржат до крајот на оваа година , со што како што изјави синоќа се согласува и хрватскиот претседател Стипе Месиќ.

И додека сеуште се чека одговорот кој победи на локалните избори во Хрватска , едно е јасно: Одлуката за тоа кој ќе владее со општините во Хрватска во многу жупании ќе зависи од постизборните преговори , со оглед дека ниту една од големите коалиции таму нема освоено доволно гласови самостојно да управува со нив .