1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ќе биде неофицијалниот светски првак во тенис?

3 јули 2011

Денеска на Вимблдон Шпанецот Рафаел Надал и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе го одиграат финалниот меч на турнирот. Тоа ќе биде 28. пресметка меѓу двајцата тенисери.

https://p.dw.com/p/11o7f
Фотографија: AP

Двајцата во моментов најдобри светски тенисери, актуелниот и идниот број еден, Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ, денеска ќе го одиграат финалниот меч на 125. издание на грен-слем турнирот во Вимблдон. Финалето на „неофицијалното светско првенство во тенис“ ќе биде 28. пресметка на Надал и Ѓоковиќ. Шпанецот води со 16:11, но Србинот ги доби четирите дуели оваа година.

Автор: ТТ/СН/миа

Редактор:Симе Недевски