Се бара крај на вонредната корона-состојба во Германија
19 октомври 2021Министерот за здравство Јенс Шпан, според наводи на портпарол на Министерството за здравство, е за тоа да не се продолжува епидемиолошката состојба на национално ниво. Таа беше воведена од страна на Бундестагот во март 2020 година поради ширењето на коронавирусот и последен пат беше продолжена до 25 ноември 2021 година. Со неа сојузната и покраинските влади добија овластувања за носење правила за маски, држење растојание и ограничување на контакти, или за набавка на вакцини.
Повеќе:
Наскоро колективен имунитет во Германија: Крај на пандемијата напролет?
Германија: Препорака за вакцинирање на сите над 12 години
Германија: Наместо локдаун, правило „3Г“
Одлучувачки за ставот на Шпан изнесен на средба со покраинските колеги е проценката на институтот „Роберт Кох“ (РКИ), според која загрозеноста за вакцинираните лица и опасноста од префорсирање на здравствениот систем во меѓувреме се оценуваат како умерени. РКИ одамна укажува дека речиси сите инфекции и пред сѐ тешкиот тек на болеста настапуваат речиси само кај невакцинирани лица.
Шпан се залага и за тоа да се задржат правилата за хигиена и за држење растојание, или т.н. 3Г-правило, кое значи доказ за вакцинација, прележена болест или негативен тест. Според него, сѐ уште не е време за целосно укинување на корона-правилата.